Милош Биковиќ изненади со нов имиџ: Призна дека неговата девојка не е воодушевена, а обожавателите?

Милош Биковиќ изненади со нов имиџ: Призна дека неговата девојка не е воодушевена, а обожавателите?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

По фотографијата која Милош Биковиќ ја објави на својот Инстаграм профил, многумина се запрашаа дали решил да ја промени професијата.

Познатиот актер Милош Биковиќ често на социјалните мрежи споделува фотографии на кои може да се види како ужива со својата девојка Ивана Малиќ.

Денес Биковиќ содели фотка на кој се гледа дека целосно го променил имиџот... И токму кога сите помислија дека така ќе остане, тој објасни: - Понекогаш се бричам. И ги оставам мустаќите. Тоа ја нервира. Два дена ја тролам така. После следува бричење – напиша актерот во својата објава.

Од лицето на неговата девојка би се рекло дека таа баш и не е воодушевена од овој нов изглед. За среќа, актерот не планира долго да остане со мустаќите.

Да потсетиме, откако раскина со руската танчерка Арина Волошин, актерот неколку месеци беше сам, а потоа се запозна со девојката од Бар, Ивана Малиќ, со која започна врска.

Тие најпрвин се појавија заедно на премиерата на „Јужен ветер 2“, а потоа Ивана ја сподели првата заедничка фотографија како потврда за нивната љубов.

Милош во оваа прилика не се огласи јавно, но јасно е дека не ја крие својата нова девојка од јавноста.

Како ви се допаѓа неговиот нов изглед? Погледнете уште неколку негови изданија, па оценете.




Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: