Минимализам и луксуз: Погледнете го домот на Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам

Минимализам и луксуз: Погледнете го домот на Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам

Објавена во: Мода // Moj стил

Роузи Хантингтон-Вајтли вчера откри дека е бремена и дека го очекува второто дете со актерот Џејсон Стејтам.
Таа го освои светот со својата убавина, а кога го отвори својот профил на Инстаграм, сфативме дека оваа девојка знае многу добро да игра со модните трендови, тогаш од категоријата супермодели се пресели во деловната област кога ја лансираше линијата за убавина „Роуз АД“. А, по пандемијата и домашниот карантин Роси сподели повеќе слики од ентериерот на вилата во Лос Анџелес каде живее со нејзиниот сопруг Џејсон Стејтам и синот.


Кога станува збор за модниот стил, Роузи се одлучува се почесто за минимални комбинации кои, се многу импресивни. Таа се одлучи за слична формула кога станува збор за украсување на домот, совршен дом од 21 век.




Всушност, нејзиниот дом малку потсетува на музеј од 1960-тите, затоа што просторот е неизграден и секое парче има свое место каде што може лесно да се изрази. Што се однесува до палетата за која се одлучила Роузи, таа е многу слична на боите на нејзината колекција чанти и чевли, кои ги има во изобилство, а станува збор за сите нијанси на беж, кафеава и крем. Со бели sидови, бетонски подови и светлото калифорниско сонце, овој ентериер навистина изгледа фантастично. Неколку инспирации во толку малку детали се доказ дека Роузи навистина знае многу за модерниот дизајн.

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Profimedia


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: