Министерката Царовска одлучна: Програмите се поедноставни, согласно условите во кои ќе се изведе оваа матура
На денешната прес - конференција, министерката за образование и наука Мила Царовска посочи за важноста на државната матура. Имено, таа истакна дека истата ќе се одржи и покрај бојкот на средношколците.
„Матурата е задолжителна и тоа не само во нашата држава туку и во земјите од регионот и во развиените европски земји. Ние сме целосно спремни матурата да се спроведе на соодветен и безбеден начин, со концепцијата усогласена со формалните здруженија на средношколци и матуранти коишто беа на формален состанок во Министерството. Програмите се поедноставени, исто и прашањата, согласно условите во кои ќе се изведе оваа матура“ - истакна Царовска.