Мислиш дека твоето раскинување било страшно? Овие разделби на познатите ја однесоа титулата најбрутални

Мислиш дека твоето раскинување било страшно? Овие разделби на познатите ја однесоа титулата најбрутални

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Се надеваме дека тебе не ти се случила некоја ваква разделба!

Разделбие се грозни и некој секогаш завршува повреден. Доколку тоа не си ти, тогаш е личноста со која си била во врска. Еден особено лош вид на разделби се јавните разделби. ТИе за момент можат да станат болни.

Иако овие разделби им се случиле на познатите личности, исти такви непријатни ситуации може да му се случат и на секој друг, само што нема сите да знаат за тоа. Постојат разделби кои се договорени, кога едноставно се гледа дека нешто што понатаму и двете страни се сложуваат дека е најдобро е да прекинат. И таквите разделби исто болат, но не се ништо наспроти оние разделби кога личноста на која ѝ веруваш ќе те повреди тогаш кога најмалку го очекуваш тоа и на некој од најлошите можни начини. 

Овие разделби на познатите ја однесоа титулата најбрутални:

# Пит Дејвидсон и девојката со која бил пред Ариана Гранде

Пред да започнат врска тој и Ариана, Пит беше во врска со Кази Дејвид. Со неа раскинал преку порака, што самото по себе е грозно, а потоа сѐ дополнително се замрсило кога веќе следниот ден на Инстаграм објавил дека е во врска со Ариана.

# Зејн Малик и Пери Едвардс

Зејн и Пери биеа верени и тоа две години, а тој ја остави преку порака - и тоа кога не беа во иста држава, бидејќи таа тогаш беше на турнеја. Со оглед на тоа дека веќе живееаја заедно, Пери изјави дека се чувствувала грозно, бидејќи не знаела каде да се врати кога ќе и заврши турнејата.

# Џулија Робертс беше невеста која бега и во реалниот живот

Еден од најпознатите филмови на Џулија Робертс е „Runaway Bride“, а слично нешто актерката направи и во реалниот живот. Не се секогаш момците оние кои се виновни за грозните разделби. Џулија требаше да се омажи за Кифер Садерленд, а на денот на венчавката, таа побегна во Ирска со својата најдобра пријателка, Џејсон Патрик.

# Џо Џонас и Тејлор Свифт

Разделбите преку мобилен очигледно се популарен начин за прекинување на врски во Холувид, бидејќи и Џо Џонас на ист начин ја остави Тејлор Свифт. За разлика од оние порано споменатите, тој барем се осмелил да ја повика, но како што откри Тејлор во едно интервју, тоа бил повик од брзи 27 секунди - и крај.

# Калвин Харис и Рита Ора

Калвин крајот на врската го кренал на едно повисоко ниво, кога е бруталноста во прашање и со Рита Ора раскинал преку објава на Твитер. Ова е особено брутално, бидејќи Рита во едно интерјву призна дека мислела дека нивната врска е цврста и дека ништо не може да и наштети.

# Расел Бранд и Кети Пери 

Овие двајца беа верени повеќе од една година кога Расел, сега веќе типично однесување на мажите, ѝ раскина на Кети Пери преку порака.

# Иги Азалеа и Ник Јанг

Уште една позната двојка која беше верена кога се раздели, а оваа разделба е малку поинаква. Иги прво го уловила Ник со друга девојка во нивната куќа, а потоа преку медиумите дознала дека неговата поранешна девојка е бремена - и тоа со него. Шлаг на торта.

# Џаи Брукс и Ариана Гранде

Џаи и Ариана беа во врска пред скоро 10 години, а тој прекина со неа така што и испрати порака и тоа неколку минути пред Ариана да излезе и да го одржи својот прв концерт на својата тогашна турнеја.

# Ким Кардашијан и Крис Хамфрис

И последната разделба на познати личности на оваа листа е прилично лоша, а за тоа е виновна Ким. Станува збор за крајот на врската со нејзиниот прв маж, Крис Хамфрис. Тој дознал дека Ким се разделува од него од вестите што биле објавени во медиумите. Ким не му се ни јавила за да му ја соопшти својата одлука на друг начин.

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: