Мистеријата крава: Математички проблем кој изгледа лесен, но луѓето не можат да го решат (ФОТО)
Пробај и ти!
Наша драга математика! Не нѐ остава на мир ниту во слободното време. Сега, на Интернет се шири математичка задача кој на прв поглед изгледа многу лесна, но од некоја причина луѓето не можат лесно да ја решат.
Сигурно ти се добро познати оние математички задачи кои на прв поглед изгледаат лесно, а потоа кога навистина ќе почнеш да ги решаваш - блокада. Не знаеш како понатаму и излегува дека на крајот погрешно ја имаш решено задачата. Само затоа што изгледа лесно, не значи дека навистина е лесен. Тоа би можело да се примени и на една задача која моментално кружи на Интернет.
Наречен е „крава мистерија“ и станува збор за продажба и купување на крави. Човек купува крава за една цена, ја продава за друга, за потоа повторно да ја купи за трета... вистински хаос. Иако изгледа лесна, сепак не е, бидејќи луѓето и не знаат баш да ја решат. Пробај и ти! Еве како гласи целата задача:
Da vas vidim pametnjakovići pic.twitter.com/covr53uJAM
— (@AngelDark1809) January 30, 2023
Од коментарите, може да се каже дека луѓето се зборунети. Доаѓаат до најразлични одговори и повеќе никој не е сигурен во своето решение. Некои велат дека заработил 200 евра, некои дека заработил 300 евра, некои 400, а некои дури и 500. Има такви кои тврдат дека не заработил, но само еден одговор е точен. Кој одговор го доби ти?
Точниот одговор е човекот заработил 400 евра.
фото: Принтскрин / Твитер