Младата Драгана Јовановска сними нова песна: „Публиката го има последниот збор, се надевам ќе и се допадне „Гламур“ (ВИДЕО)
Младата пејачка Драгана Јовановска ја промовираше најновата песна „Гламур“ на сите социјални мрежи и музички платформи.
Судејќи според коментарите песната Драгара ги поседува сите предиспозиции да биде летен хит.
Како и за претходната песна, така и за оваа, Јовановска соработуваше со познатиот композитор Иле Спасев, кој се погрижи за музиката и аранжманот, додека пак текстот го напиша Јоцифер.
Драгана со својот тим од соработници и за оваа нова песна сними интересен спот.
За претходното видео Драгана отпатува на Малдивите, овојпат таа се реши да не патува и спотот да го сними во нашата земја.
Повторно соработуваше со момците од „Урбан Рекордс“, на чело со Гордан Божиновски.