Младиот крал Џорџ од „Bridgerton“ го привлече вниманието на обожавателките на серијата: Кој е Кори Малкрист?
Што знаеме за младиот актер, на кој оваа улога му обезбеди светла холиводска иднина?
На Нетфликс пристигна предпродолжение на хит серијата „Bridgerton“, а девојките ширум светот беа освоени од младиот крал Џорц.
Кој е всушност згодниот актер кој го привлече вниманието на обожавателките на серијата ширум светот?
Кралот Џорџ го глуми 25-годишниот Кори Малкрист, кој пред 3 години дипломирал на Кралската акедемија на драмски уметности во Обединетото кралство.
Својата кариера ја започнал во театар, а на малите керани е запазен по малата улога во серијата „The Sandman“. Неговата прва голема актерска улога е всушнос ангажманот во мини серијата „Queen Charlotte“ и според реакциите на гледачите, изборот за улогата на кралот Џорџ била полн погодок.
Во интервју за магазинот „Today“, Кори дека Реге-Жан Пејџ и Џонатан Бејли, актерите од првите две сезони, му дале неколку совети.
„Двајцата се многу драги луѓе. Исто така се неверојатни згодни и свесен сум дека се поинакви од мене“ - кажа скромно овој актер.
Но, главното прашање што ги интересира девојките ширум светот е дали овој згоден актер има девојки или е слободен. Во краткото интервју за порталот „Extra“, 25-годишниот актер откри дека има девојка со која прославил откако дознал дека ја добил улогата во серијата. Наводно, во еден здив ги изгледале сите две сезони од серијата „Bridgerton“, а за кои посочи дека никогаш дотогаш не ги погледнале.
Не е познато како се вика мистериозната девојка, ниту пак нејзината фоотграфија може да се најде помеѓу објавите на младиот актер на Инстаграм. Дали тоа што Кори го изјави е само заштита од потенцијалните обожавателки, бидејќи сега кога стана толку популарен тешко дека ќе успее да ја задржи приватноста.
фото: Принтскрин / Инстаграм