Младите не се чувствуваат безбедно на интернет: Студентката Анастасија Крстаноска за сајбер безбедноста
Хакирани профили, злоупотребени слики од социјални мрежи и објава на лични податоци. Ова се само дел од поединечните закани за корисниците на интернет, во време кога се зголемуваат и сајбер нападите на фирми и организации, а се пробиваат огромни бази со чувствителни податоци. Младите меѓу кои и студентите, иако се технолошки најподготвени за сајбер предизвиците не се чувствуваат безбедни на интернет.
Над 60% од младите на возраст од 18 до 23% не се чувствуваат безбедни додека користат интернет алатки. Тоа го покажа основното истражување на група студенти на ФИНКИ составена од Анастасија, Ѓорги, Димитар и Ана Марија.
Подетално за резултатите од истражувањето разговаравме со Анастасија Крстаноска, дел од тимот студенти според кои повеќето од испитаниците се запознаени со терминот сајбер безбедност, но добар дел од корисниците не знаат како целосно да се заштитат и стравуваат дека може да бидат мета на хакерски напади или пробив на лични податоци.
Зошто младите и студентите се чувствуваат небезбедни при користење интернет, социјални мрежи и дигитални алатки?
Крстаноска: Мислам дека младите и студентите најмногу се чувствуваат небезбедни при користењето на интернетот, бидејќи тие се најмногу свесни за опасностите кои што се шират. Знаат дека нивните податоци и фотографии можат многу лесно и брзо да се најдат на најразлични сајтови. Секој ден сме бомбардирани со новости за сајбер напади врз светски компании, како и скандали за продавање на лични кориснички податоци од страна на компаниите кои управуваат со социјалните мрежи и онлајн алатки. Ова често резултира со скептични корисници на овие онлајн услуги и производи.
Целото интервју може да го прочитате на Фактор.