Младите не се дебелеат само поради нездравата храна: Ова може да биде главен виновник
Најновото истражување го поврза доцното заминување на спиење со зголемиот ризик од дебелеење кај децата во старосната група до 6 години.
Научните велат дека кај децата е многу важен ритамот на оброци во смисла на времето кога се јаде и кога се заминува во кревет.
Во истражувањето учествувале над 100 деца од Шведска. Научниците ја следеле тежината, висината и обемот кај децата од првата до шестата година од животот. Сите деца се на почетокот на истражувањето биле приближно иста килажа.
Научните утврдија дека децата кои доцна на спиење, односно по 21 часот, имале зголемен обен на половината и зголемен индекс на телесната маса до крајот на истражувањето.
Професорот педијатар д-р. Клауд Маркус вели дека токму факторот доцно заминување во кревет е главен проблем поврзан со дебелеењето.
„Сега само ја увидовме поврзаноста. Доколку го оставите детето порано да спие - дали тоа нешто ќе промени? Тоа е нешто што со сигурност не го знаеме“ - тврди тој.
Педијаторот истакнува дека доцното заминување во кревет кај децата е показател за нездрав начин на живот, а токму тоа може да резултира со зголемување на телесната тежина.
Коментарите од истражувањето на педијатриските ендокринолози Никол Гласер и Денис Стајн се дека можно е дебелеењето и доцното легнување во кревет да бидат резултат на други влијаниа како што е предолгото време поминато пред екраните, недоволната физичка активност или помал труд околу здравите навики во семејството.
Истражувачите исто така открија дека доцно заминуваат на спиење следните групи: деца кои не се од европско потекло, деца чии мајки имаат понизок степен на образование, па и такви кои живеат во домаќинства со ниски примања.
Раното заспивање на децата не гарантира дека тие веднаш ќе заспијат во длабок сон, но воспоставувањето на рутината на заминување на спиење ја зголемува веројатноста дека детето ќе отспие толку колку што му е потребно за оптимално функционирање.
Должината на сонот која е потребна на едно дете зависи од возраста:
1 - 3 години = 12 -14 часа сон
3 - 6 години = 11 - 13 часа сон
6 - 10 години = 10 - 11 часа сон
10 - 18 години = 8 - 9 часа сон