Млечен маникир: Тренди боја на која ниту латино дивата не можеше да одолее
Млечниот маникир е нов тренд во светот на убавината...
Откако, познатиот уметник за нокти Том Бехик објави фотографија од свежо направените нокти на својата позната клиентка Џенифер Лопез, со тој потег ја потврди појавата на новиот тренд.
Овој маникир носи назив „milkbath nails“, бидејќи како што сугерира и самото име, со изгледот потстува на млечна купка, а она што особено ќе им се допадне на дамите кои сакаат да ги украсуваат ноктите е фактот дека овој вид на маникир со леснотија може да го постигнете и дома.
Иако не станува збор за нов вид на маникир, ќе направи совршена хармонија со добиениот тен од летниот одмор и ќе направи кожата да ви изгледа екстра бронзено, како што со својот пример потврди и 52-годишната латино дива, Џенифер Лопез.