Многу девојки „полудеа“ по него, а тој ја сака само неа: Девојката на победникот на Евровизија подолго време се бори со оваа болест
Неговото срце го освои Џорџа, иако не се појавуваат често во јавност заедно...
Бендот Манескин ја однесе победата на Евровизија, меѓутоа, покрај нивната одлична енергија, како и одличната рок песна, многу повеќе се пишуваше за фронтменот на бендот, Дамијано Дејвид.
Од моментот кога го прогласија за победник, јавноста не престанува да се интересира за неговиот приватен живот.
Покрај тоа, многу девојки „полудеа“ по него, а го прогласија и најдобар фраер на натпреварување. Меѓутоа, неговото срце го освоила Џорџа Соренли, иако не се појавуваат често во јавност заедно.
Оваа манекенка и инфлуенсерка веќе подолго време е посветена на активизмот, а неодамна откри дека боледува од хроничната болест Вулводинија.
Таа своите непријатни искуства често ги споделува со следбениците на Инстаграм, со цел да им помогне на сите девојки кои минуваат низ истото.
Дамијано ѝ е голема поддршка на својата девојак и ја почитува нивната заедничка одлука за деталите од својата врска да не ги споделуваат со јавноста.
Вулводинија е болна состојба на надворешните женски гениталии. Причината што доведува до оваа болест е непозната и може да биде резултат на неколку фактори.
Болката која ја предизвикува може да биде константна или повремена, а со оглед на тоа дека причината за болеста е непозната, третманот обично е насочен кон ублажување на симптомите и пиење на лекови против болка.