Многу девојки се луди по него: Анастасија Ражнатовиќ призна кој српски спортист ѝ се допаѓа

Многу девојки се луди по него: Анастасија Ражнатовиќ призна кој српски спортист ѝ се допаѓа

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Откако стави крај на врската со Ѓорѓе Куљиќ, сите се прашуваат дали постои некој кој го освоил срцето на пејачката Анастасија Ражнатовиќ...

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, неодамна ја прекина петгодишната врска со бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, со кој минатата година започна заеднички живот.

Таа пред неколку дена, за време на гостувањето во емисијата на Огњен Амиџиќ истакна дека моментално не е заљубена и дека не размислува за љубовниот живот, поради бројните деловни обврски кои се пред неа, но призна дека никогаш не знае што може да се случи.

Како што јавуваат српските медиуми, Анастасија во текот на емисијата се согласила да биде дел од играта „Или-или“, во која откри кои познати момци од јавната сцена ѝ се симпатични, а во таа прилика дека мисли сѐ најдобро за кошаркарот на Атланта Хокс, Богдан Богдановиќ. Имено, кога Огњен ја праша да одбере помеѓу актерот Милош Бикович и познатиот спортист, таа одговорот го даде во корист на Богдановиќ.

„Прекрасно момче е, се познаваме, така што Богдан. Никогаш не се знае“ - призна Анастасија.


Пејачката веќе со години е на музичката сцена, најави и дека наскоро ќе почне со настапи, кои ќе бидат први во нејзината кариера.

„Првиот настап е закажан за на 12 март во Париз, во мојот омилен град, конечно. Желбата ми беше да имам свој репертоар, сега имам осум свои песни и тргнуваме“ - гордо кажа Анастасија во споменатата емисијата.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: