Многу луѓе го откриваат 8Д слушањето на музика: Искуство како никогаш порано

Многу луѓе го откриваат 8Д слушањето на музика: Искуство како никогаш порано

Објавена во: Stars // Музика

Доколку се уште не сте слушале музика на овој начин - време е да пробате

Овој начин на слушање музика стана популарен од неодамна, а доколку не истражуваш многу на Јутјуб, тогаш можно е да се не си го сретнал. Што е 8Д слушањето на музика и зошто е посебно искуство од она обичното?

Додека пишуваш домашно, се допишуваш со пријателите, ја чистиш собата... ти свири музика. Голем број од нас слушаат музика преку слушалки, а доколку и ти си една од тие, тогаш мора да знаеш за 8Д слушањето на музика. Доколку го немаш откриено ова досега, сега е време да го пробаш ова искуство. Станува збор за нешто посебно, а доколку слушаш музика на овој начин, важно е да имаш слушалки. Инаку нема да функционира. Многу песни веќе се „обработени“ на овој начин. 


Кога слушаш музика на овој начин, ти изгледа дека звукот се врти и ротира во твојата глава. Ова е необично чувство за да се објасни, но кога еднаш ќе го искусиш, сигурно ќе ти изгледа одлично. Зависно од тоа која песна ќе ја одбереш, звукот за нијанса ќе биде поинаков, но суштината е иста. Ќе ти се врти низ глава, на моменти ќе изгледа дека е некаде далеку, во друг момент ќе биде тука, како некој да свири на милиметар од твоето уво.


Само да биде јасно, не постои 8 димензија (барем човештвото не знае за неа), туку во овој случај се користи поимот 8Д за да се опише ова посебно доживување на слушањето музика. 8Д аудиото е како да слушаш музика преку многу добри звучници кои се насекаде околу тебе, само што во овој случај потребни ти се слушалки, а не некој одличен аудио систем.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: