Многумина не знаат дека под маската на омилениот лик се крие момче без нозе: Улогата ја добил случајно, еве каде е по 40 години (ФОТО)

Многумина не знаат дека под маската на омилениот лик се крие момче без нозе: Улогата ја добил случајно, еве каде е по 40 години (ФОТО)

Објавена во: Stars // Филм

Многумина уште добро се сеќаваат и со задоволство и денес го гледаат холивудскиот блокбастер од 1982 година - „E.T.“. 40 години подоцна, екипата од овој филм повторно се обедини со режисерот Стивен Спилберг.

Тоа се случи на фестивалот „The Turner Classic Movies“ во Лос Анџелес по повод 40 години од премиерата на познатиот филм, а помеѓу нив беше и Метју Де Мерит, еден од тројцата актери кои го толкуваа ликот на Е.Т.

Метју, кој е роден без нозе, имал само 11 години кога бил повикан да го глуми малиот вонземјанин, а ги сними некои од неговите најдобри сцени. На фестивалот пристигна на скејтборд со помош на кој се движеше, додека се дружеше со Спилберг и актерите, вклучувајќи ги Ди Волас, Мартел, Роберт Мекнахтон...

фото: BROADIMAGE / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA

Метју го глумеше Е.Т. под гломазниот гумен костим, а освен него во него се најдоа уште две личности со џуџест раст.

Во последните 40 години, Метју се повлече од јавноста, поточно веднаш по излегувањето на филмот, но во итнервју за британскиот „The Mirror“ во 2002 година, по повод 20 години од филмот, објасни како ја добил улогата.

Тој тогаш откри дека во тоа време бил на физикална терапија во медицинскиот центар UCLA, кога од „Universal Studio“ стапиле во контакт со неговите доктори и тоа со надеж да пронајдат луѓе кои ќе ги собере во гумениот костим, кој се користел за снимањето.

„Морав да го пробам костимот, ми ги зедоа сите мерки и ме снимија како одам на раце. Не сум сигурен што мислеја кога ме видоа. Никогаш на никој му немав покажано дека можам да одам на раце и не гледам како многумина помислија дека ќе можам удобно да се сместам во костимот и да одам наоколу и уверливо да глумам вонземјанин, но некако испадна добро“ - изјави тогаш.

Метју подоцна се појави во уште неколку филмови, предаваше англиски на колеџ и играше кошарка во количка. По снимањата некое време остана во контакт со Хенри Томас, кој го глумеш Елиот и Роберт Мекнахтон, кој го глумеше постариот брат на Елиот, Мајкл, но нивното пријателство со текот на годините замре.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: