Модел на здолниште кое не излегува од мода: Го носеле порано, а и денес е популарен (ФОТО)

Модел на здолниште кое не излегува од мода: Го носеле порано, а и денес е популарен (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Ако немаш ново парче од овој модел на здолниште, сигурно имаш некое старо во плакарот...

Тексас здолништето е апсолутно „must have“ парче веќе многу години, а поради цврстиот и дебел материјал може да трае со години! Само треба да знаеш кој модел и која должина се носи сега.

Тексас здолништата се носат буквално секоја година и едноставно не изглегуваат од мода. Единствено нешто што може да се промени се можеби моделите, кроевите, но и должината. Почетокот на 2000-тите, генерално беше одбележан со мини здолништа, вклучувајќи ги и есктра мини тексас здолништата.

Низ годините тоа дополнително се менуваше, а денес модерни се оние кои се шират и се малку подолги од обичните тексас здолништа на кои сме навикнати. Со оглед на тоа дека денес сѐ што е „оверсајз“ е во тренд, истото се случува и со тексас здолништата. Но, без оглед на тоа што моментално се во тренд такви, се носат и сите останати модели.

Ова лето, може да одберете мини или миди тексас здолниште, но има и девојки кои носат макси тексас здолништа, без оглед на високите температури. Во секој случај, со тексас здолништето никако не можеш да погрешиш, без оглед за кој модел, крој или должина ќе се одлучиш.

фото: Принтскрин / Инстаграм / itstiamarie__

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: