Модели кои најмногу заработуваат во 2022 година: Првото место не нè изненадува (ФОТО)
Личноста која е на прво место, заработува дупло повеќе од онаа која е на последното...
Не само што овие модели се најплатени во 2022 година според последните податоци, туку се и најпопуларни, па тоа делумно го оправдува фактот зошто токму тие се најплатени. На листата се дури и две сестри кои ја однесоа таа титула.
Моделите, односно манекенките заработуваат огромна количина на пари. Но, тие тоа навистина и го заслужуваат со оглед на ригорозните диети и програми кои мораат да ги следат за секогаш да имаат совршена линија за модните писти. Покрај тоа, не е лесно само да се стане модел и да се работи за светски познатите брендови како Викторија Сикрет, Шанел и другите луксузни брендови. Постојат многу критериуми кои моделите мораат да ги задоволат, но факт е дека некои манекенки успеале да се пробијат поради своите познати семејства, и кои биле популарени и пред да влезат во светот на моделингот. Без оглед на тоа, според последните податоци, токму овие 9 модели заработуваат најмногу во текот на оваа година.
# Лиу Вен - 19 милиони долари (деветто место)
# Џоан Смолс - 19 милиони долари (осмо место)
# Бела Хадид - 19 милиони долари (седмо место)
# Џиџи Хадид - 20 милиони долари (шесто место)
# Адриана Лима - 30 милиони долари (петто место)
# Кара Делевињ - 31 милион долари (четврто место)
# Рози Хантингтон-Вајтли - 32 милиони долари (трето место)
# Жизел Бундхен - 33 милиони долари (второ место)
# Кендал Џенер - 40 милиони долари (прво место)
Првото место воопшто не може да нè изненади. Сите можевме да претпоставиме дека на тронот е Кендал, а исто така не нè изненади фактот што и двете сестри Хадид се најдоа на оваа листа. Тие можеби се најпознати, но на листата се наоѓаат и други убави и квалитетни манекенки кои само не се толку популарни како нив.
фото: Принтскрин / Инстаграм