Модели на патики кои ќе ја одбележат 2023 година: Доминацијата на ретро естетиката (ФОТО)
Од ретро естетика до футуризам, овие 5 модели на патики ќе ги носиме во 2023 година
Судејќи според изданијата од модните писти, улиците и Инстаграм, следната година ќе преовладуваат неколку патики. Особено не радува дуелот помеѓу ретро и футуристичката естетика, додека практичните модели ќе бидат поатрактивни од кога било досега.
Во продолжение ви откриваме кои 5 модели на патики ќе ги носиме во 2023 година:
1. Retrocore
Ако има еден модел на патики што сме сигурни дека трендсетерите ќе го носат следната година, тоа е „Adidas Samba“.
2. New Balance 550
Брендот на патики што ја одбележа 2022 година е дефинитивно „New Balance“. Додека се движиме низ социјалните мрежи и ја чекаме 2023 година, јасно е дека постои еден модел на патики што го сакаат трендсетерките - „New Balance 550“.
3. „Татини“ патики
Т.н „татини“ патики постојано еволуира. Моментално се популарни патиките за планинарење. Имено, планинарската естетика е следниот голем тренд во светот на „татините“ патиките, при што брендовите како „Salomon“ од минута во минута стануваат сè попопуларни.
4. Враќање во иднината
Модата од минута во минута станува сè пофутуристичка. Сребрените модели инспирирани од вселената доминираа на модните недели пролет/лето 2023 година.
Од технички композиции до архитектонски силуети, во 2023 година ќе доминираат патики во неутрални бои со неонски одблесок.
5. Nike Air Force
Тренд на патики што е невозможно да се игнорира во последните сезони е „Nike Air Force 1“. Дефинитивно не е најхрабриот тренд за 2023 година, но секако е најсестран и најпривлечен бидејќи оди со секој стил и комбинација.
Извор: elle.rs