Модно усогласено семејство: Ѓоко Јовиќ сподели семејна фотографија од првиот роденден на синот (ФОТО)
Најмалиот син на пејачот наполни една година...
Познатиот пејач Ѓоко Јовиќ веќе долги години е во среќен брак со неговата сопруга Ивана, со која има четири деца - ќерката Теодора и синовите Михаил, Јоан и Дарин.
Тој често споделува фотографии од своето семејство и јавно им искажува љубов на својата сопруга и деца.
Сега, тој сподели семејна фотографија, која е направена по повод роденденот на неговиот најмал син. Имено, Дарин пред неколку дена наполни 1 година, а за роденденската забава целото семејство на пејачот беше облечено во исти бои - зелена и бела.