Модно усогласено семејство: Сара Мејс сподели фото албум од прославата на роденденот на Илина
Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски викендов наполни четири годинки и го прослави роденденот со мама, тато, братчето Кирил, другарчињата од градинка и Боби и Биби.
Слатката Илина беше облечена во бело фустанче, а целото семејство беше модно усогласено во бела боја. Слатката маса беше со ликовите од „Биби и Боби“, како и тортата, а мама Сара Мејс вели дека и сите желби ѝ се исполнети на малата Илина.
Еве како изгледаше роденденската забава на Илина: