„Могли смо у двоје“ во акустична верзија: Антониа Гиговска не мирува ни за време на пандемија
Младата пејачка Антониа Гиговска важи за една од најдобрите поп вокали во државата. Јавноста ја запозна преку музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“, а набрзо потоа почна да ги освојува и фестивалите кои се одржуваа во нашата држава, каде што се претставуваше со свои песни.
Исто така два пати застана и на евровизиската сцена, како придружен вокал - првиот пат со Ај Кју, а потоа со Тамара Тодевска, која го освои највисокиот пласман за нашата држава.
Освен песните кои ги отпеа на фестивалите, Антониа објави уште неколку песни, кои котираа високо на топ листите ширум Македонија и Балканот. Една од нив е и „Могли смо у двоје“, која на Јутјуб има скоро 4 милиони прегледи.
Токму со оваа песна, Антониа го започна својот нов проект во кој најави дека освен оваа, ќе ги отпее и „Никогаш не вели никогаш“ и „Крива сум“.
Акустичната верзија на „Могли смо у двоје“, Антониа ја изведе во придружба на Иван Петровски, кој свири гитара и Сара Сурлаџиоска, која е придружен вокал. Како звучи овој хит во своето ново руво, може да слушнете во продолжение: