Мојата мајка не готви, најмногу сака да спие: Писмото на ќерката на Ким Кардашијан го заобиколи светот и ги насмеа сите (ФОТО)
„О, мој Боже“ - кратко искоментира Ким...
Најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан има четири деца од бракот со раперот Канје Вест, од кој се разведе.
Како причина за разделбата, Ким наведе: „Поради своите деца и сопствениот разум“, а потоа го врати своето моминско и го исфрли презимето Вест.
Слободното време Ким го поминува со децата Норт, Сејнт, Чикаго и Псалм, а на Денот на мајката таа сподели писмо кое ја насмеа неа и нејзините следбеници на Инстаграм.
„Мојата мајка има 22 години“ - пишува на почетокот на писмото, иако старлетата има 42 години, но тоа не е она што најмногу ги насмеа сите.
На прашањето што најдобро готви нејзината мајка, во одговорот пишува:
„Мама не готви. Таа има кувар“ - напиша Чикаго, ќерката на Кардашијан, по што мајката кратко искоментира - „О, мој Боже“.
„Омиленото јадење ѝ е салата. Кога одмара најмногу сака да спие во својот кревет. Сакаме да си играме со неа. Многу е добра во теретена. Мојата мајка е специјална затоа што ме сака“ - пишува во остатокот од писмото.
По ова стори, Ким се оправда со тоа што објави стори на кое се гледа како подготвува ручем.
„Чи погреши, јас готвам“ - напиша КИм, која на сето ова искрено се насмеа.
фото: Принтскрин / Инстаграм