Мојот најстар син има 13 години, го гледав само на паузите меѓу првенствата: Горан Пандев објави дека се повлекува од фудбалот

Мојот најстар син има 13 години, го гледав само на паузите меѓу првенствата: Горан Пандев објави дека се повлекува од фудбалот

Објавена во: Совети // Семејство

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, популарниот Горан Пандев, официјално објави дека се повлекува од фудбалот.

Тој во интервју за „Газета дело Спорт“ ја објави оваа информација, а истата беше најавена уште по завршувањето на ЕП 2020.

„По 20 години… Мојот најстар син има 13 години, а јас го гледав само на паузите меѓу првенствата. Сега е време да се посветам на најблиските. Потоа сигурно ќе работам нешто во фудбалот, затоа што не знам ништо друго да правам. Добра беше промената, летово бев без клуб и можев да се опуштам малку, да не тренирам со месеци. Не знам што би работел, но тоа нема да биде тренер. Можеби агент или спортски директор во некој клуб“, изјави Пандев за „Газета“.

Инаку, Пандев заминува по 122 натпревари за Македонија и постигнати 38 гола, додека пак неговото име остава белег и во италијанскиот фудбал со 500 натпревари и повеќе од 100 гола.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: