Моќта на Ѓорѓе беше да раскаже приказна: Виктор Апостоловски ја преработи омилената песна од Балашевиќ
Балканот го потресе веста за смртта на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ. Стиховите од неговите песни многумина ги знаат и ги пеат на целат глас, без оглед на годините, а секој еден од нас има барем една песна во која се пронаоѓа.
Исклучок од ова не се ни познатите музички имиња. Нашиот пејач Виктор Апостоловски вчера ја објави својата преработка на омилената песна од Балашевиќ. Тој се одлучи за песната „Напослетку“, а во описот на видеото откри и зошто изборот паднал на оваа песна.
„Омилената песна т.е. приказна, од омилениот Екс Ју изведувач, на мој начин!
Уште кога ја слушнав првиот пат како дете на касетофон... како да се пронајдов во неа... Е тоа беше моќта на Ѓорѓе!... Знаеше да раскаже приказна! Балканскиот Storyteller!
Одамна се спремав да ја снимам и пак не успеав на време... ама ете сега.. во негова чест!
Почивај во мир легендо! “