Момче или девојче: По веста за бременоста, ќерката на Џеј објави емотивно видео кое ги разнежни сите

Момче или девојче: По веста за бременоста, ќерката на Џеј објави емотивно видео кое ги разнежни сите

Објавена во: Совети // Семејство

Ќерката на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, Марија Рамадановски наскоро ќе стане мајка. Таа успешно ја криеше бременоста до вчера, кога се дозна дека чека девојче.

Марија одлучи да го сподели со јавноста и прекрасниот момент кога дозна кој пол е бебето.

Таа и нејзиниот сопруг организираа мала забава за нивните најблиски пријатели и членови на семејството и се беше во розови и сини тонови.

Помеѓу нив имало балон со натпис „Момче или девојче“, а од него испаднале розови конфети што значи дека бебето е девојче.

Ќерката на Џеј врескала од возбуда кога дознала дека има ќерка.

- Принцеза – напиша Рамадановска во описот и стави розово срце, а овој прекрасен момент погледнете го во видеото подолу.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: