Момче испрати пратка на Филипините: По 15 години истата му го промени животот
Старите луѓе честопати велат дека ништо во животот не се случува без причина. И, можеби се во право дека случајностите не постојат.
Колку и да сме скептични има приказни кои докажуваат дека секогаш постои место за малку магија во животот. Како оваа на момчето од САД.
Кога имал 7 години испратил пакет до Филипините што му го променил животот по 15 години.
Тирел учествувал во добротворната манифестација на локалната црква, во која децата од побогатите семејства им помагаат на нивните посиромашни врсници од другите држави.
Тој бил момче со добра душа, па ја земал најголемата кутија што ја пронашол и ја наполнил со канцелариски материјали и играчки.
Најважниот услов во добротворните настани бил испраќачот да стави фотографија од себе во пакетот и да го напише името и презимето на задната страна.
Откако внимателно го спакувал подарокот, тој и неговата мајка го однеле во црквата. И тогаш заборавил на него. Тирел дури и не знаел како овој едноставен гест ќе му го промени животот.
Подарокот бил доставен на едно сиромашно семејство на Филипините, кое имало малечка ќерка по име Јоана. Таа била многу задоволна од играчките и материјатели што ги добила од странецот.
И бидејќи била многу благодарна за подароците, таа ја чувала сликата на Тирел.
Кога пораснала одлучила да го најде со помош на социјалните мрежи. Откако лесно го пронашла, веднаш му напишала. Сепак, тој не и одговорил, дури не ни обрнал внимание на пораката, бидејќи не ја познавал.
Но, Јоана не се откажала. Таа се потрудила да му објасни како го познава и зошто му пишува.
Младиот човек не се ни сеќавал на подарокот кој го испратил многу одамна. Тој ја прашал мајка си дали навистина учествувал во таков добротворен настан. Откако добил потврден одговор, тој почнал да и пишува на Јоана.
Од долгите разговори на двајцата им станало јасно дека имаат нешто заедничко. Тие се допишувале со часови, а нивниот однос станувал сè поискрен.
Една година потоа, Тилер решил да заниме на Филипините за да се запознае со Јоана. Собрал пари за авионски билет и иако бил преплашен што ќе лета сам, се качил на авион. Кога застанал пред Јоана, веднаш знаел дека е вљубен во неа.
Тирел не се однелил од девојчето 10 дена. Но, тие не му биде доволни и кога си заминал дома, дал ветување дека ќе се врати повторно и секако го исполнил истото.
Тој се вратил на Филипините по еден месец и тоа со конкретна цел - да и понуди брак на Јоана.
Тие правеле две свадни - една во САД и една на Филипините.
На прославата младенците организирале добротворна манифестација. Сите гости носеле кутии со предмети за сиромашните, а во истите имало фотографија со име и презиме.
Тирел и Јоана се среќно семејство. Имаат и мал син и редовно учествуваат во хуманитарни акции.