Момче ми испрати слатка порака, но веднаш сфатив дека има друга: Девојката ја објави фотката преку која го открила (ВИДЕО)
Девојката ја објави фотографијата која момчето ѝ ја испратило, а со помош на која сфатила дека има друга...
Девојката по име Џесика на ТикТок објави на прв поглед симпатична фотографија која момчето ѝ ја испратило, а со помош на која открила дека тој има друга. Таа го објави и разговорот со него, кој почнува со порака која таа ја испратила: „Би сакала да сум тука со тебе. Одамна се немам опуштено така.“ Момчето на ова ѝ одговорило: „Твоето место е овде“, а покрај ова ѝ испратил и фотографија од голем кревет со празно место покрај него.
@jsxhxa Just when I thought he was being cute, you can’t tell me this is a man’s room #rip Crazy - Patsy Cline
И додека поголемиот број девојки би се растопиле на ваква порака, Џесика ја зумирала и видела нешто што не ѝ се допаднало - на полицата под телевизорот го забележала металниот знак на кој пишува „love“, односно „љубов“, што по нејзино мислење е декорација од женско.
Белата постелнина која делува убаво наместена по нејзино мислење е исто така „дело на женски раце“.
„А, помислив дека е сладок. Не можете да ми кажете дека ова е соба на момче“ - напиша таа во описот на видеото, а голем број корисници на ТикТок посочија дека мислат исто како неа.
фото: Принтскрин / ТикТок