Момче си играло во дворот, па нашло нешто неверојатно (ВИДЕО)

Момче си играло во дворот, па нашло нешто неверојатно (ВИДЕО)

Објавена во: Живот // Живот

Шестгодишно момче со индиско потекло кое живее во Англија, Сид Синг, во својата градина пронашол фосил стар околу 488 милиони години. Момчето Сид Синг за Божиќ добило опрема за лов на фосили. Така, тој имал среќа да најде вреден фосил во градината на неговата куќа во Волсол во потрага по црви.

„Наидов на оваа карпа што изгледаше малку како рог и мислев дека може да биде заб, нокoт или рог, но всушност беше дел од корал наречен корален рог. Бев навистина возбуден од тоа“, раскажал Сид за тоа како дошол до ова важно откритие.

Таткото на Сид, Вик Синг, вели дека момчето пронашло корален рог и неколку помали парчиња покрај него, а потоа следниот ден отишол повторно да копа и пронашол зацврстен блок од песок. Во тој блок имало еден куп мали мекотели и школки и нешто што се нарекува криноид, остаток што личи на ногата на лигњи, пренесува „РТС“.

Синг можел да ги идентификува фосилите благодарение на помошта на фосилната група на Фејсбук, чиј член е и тој. Групата го идентификувала откритието како корал Ругос, за кој се проценува дека е стар меѓу 251 и 488 милиони години.

„Периодот во кој живееле овие корали се движи од 500 до 251 милиони години во палеозојската ера“, објасни Синг.

Англија во тоа време беше дел од Пангеа, единствен континент и беше под вода. Семејството Синг се надева дека Геолошкиот музеј на Универзитетот во Бирмингем ќе каже нешто повеќе за ова откритие. 


(хабер.ба)


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: