Момчето кое ги освои фудбалските ѕвезди сега е полуматурант: Јане Велковски се подготвува за новата етапа во животот (ФОТО)
Јане од септември ќе биде средношколец...
Призната на Јане Велковски од Скопје за љубовта кон фудбалот го обиколи светот и докажа дека ништо не е пречка, па дури ни болест, за да се постигне она што силно се сака.
За него првпат се слушна кога имаше десет години и кога на светот му раскажа за својата болест - спинална мускулна атрофија.
Тој имаше можност во годините што следуваа да се запознае со најголемите фудбалери во светот, а беше дел и од сторијата на УЕФА, во која кажа: „Играм фудбал иако не можам да одам“.
Јане денес има 14 години, а веста дека е полуматурант ја објави неговата мајка.
фото: Принтскрин / Фејсбук