Момчето кое го воодушеви и Обама: Има 12 години и им помага на животните на креативен начин

Момчето кое го воодушеви и Обама: Има 12 години и им помага на животните на креативен начин

Дариус Браун од Њу Џерси има само 12 години и има голема желба за која напорно работи да му се оствари. Имено, тој прави мали машни за кучиња и мачки, а главната цел му е да ги „среди“ за да може луѓето да ги вдомуваат.

Момчето со ова хоби се занимава веќе неколку години. Кога имал само две години, имал проблеми со говорот и развојот, поради што неговото семејство постојано го поттикнувала на креативност. Од неговиот труд се родила идејата да им помага на напуштените животни за повторно да најдат дом и љубов.

„Машните им помагаат на животните да бидат попривлечни и убави. Им помагаат да најдат свој постојан дом. Јас многу ги сакам кучињата и мачките“ - вели Дариус за TodayShow.

Неговата мајка и сестра често кројат и креираат модни комбинации за сбее, а сосема случајно забележале дека Дариус е многу вешт со иглата. Тој тогаш имал само 8 години, но многу брзо ја совладал рбаотата на машината, па започнал да ја комбинира со љубовта кон животните, од што настанеле вратоврските.

Од парите кои ги заработува одвојува дел кој го дава на организацијата за борба против насилство над животните. Иако многумина се јавуваат дека сакаат да ги купат неговите вратоврски, голем е бројот и на оние кои едноставно сакаат да и дадат поддршка на оваа иницијатива и да донираат пари.

Доказ колку за неговата работа се има слушнато е и писмото кое го добил од поранешниот претседател Барак Обама, кој во текстот го фали ова момче и му посакува среќа во работата.


Можеби ќе ве интересира: