„Морав да престанам...“ : Богдана Ражнатовиќ откри зошто се откажа од кошарката кога беше помеѓу најдобрите (Фото)
Сопругата на
боксерот Вељко Ражнатовиќ, Богдана
Ражнатовиќ неодамна стана мајка по втор пат.
Убавата Богдана во моментов е посветена на синовите Жељко и Крстан и не крие дека ужива, а поради новата улога, таа мораше да го запостави приватниот живот.
Познато е дека Ражнатовиќ играла кошарка и била многу успешна во тоа, а сега во реалното шоу „Цеца и деца“ откри зошто се повлече од спортот, кога ја чекала светла иднина.
- Мислам дека кошарката ми донесе многу добри работи и ме научи многу. Морав да престанам да тренирам професионална кошарка бидејќи имав две сериозни повреди - изјави Богдана и додаде дека е горда на успесите постигнати со тимот.
-Не можам да кажам дека ми недостига, бидејќи сега имам поинаков начин на живот во кој се пронајдов - истакнала сопругата на Вељко.
Фото: MNPress/Marko Metlaš, Antonio Ahel/ATAImages