Мошне брзо ќе ја слушнете: Росалија објави најнови детали за соработката со Били Ајлиш
Пејачката Росалија за време на социјалната изолацијата е во Мајами, внимавајќи на препораките исто како што нејзиното семејство го прави тоа во Барселона.
„Како музичар, чувствувам дека времето го поминувам многу изолирано, учејќи за музиката или пак процирајжи или снимајќи“ - изјави таа за Apple Music's Zane Lowe. „Тоа го прави скоро па сите, но во исто време, ми недостасува да бидам на сцена. Ми недостасува да сум на улица и да разговарам со моите пријатели“.
Таа на 24 март, среде глобалната пандемија го издаде својот најнов сингл „Dolerme“ и истакна дека е многу среќна што ова музичко парче е создадено во текот на нејзините први две недели додека била во изолација. За оваа песна и помогнал и канадскиот продуцент Френк Дукес.
Росалија, исто така откри и детали за нејзината многу очекувана соработка со Били Ајлиш, навестувајќи дека би требало секој момент да ја здогледа светлината на денот.
„Имам мало студио, а ова мало подесување го правив овде во една просторија“ - истакна таа. „Ги имам основните работи, миди тастатура, компјутер и само со микрофон ги правам моите основи и се обидувам да ја направам целата вокална продукција за следниот период. Па, така се обидов да го завршам и ова. Во текот на овие две последни недели, се обидов да ја завршам соработката со Били Ајлиш. Мислам дека е мошне блиску до објавување. Вчера ги завршив аранжманите. Се чувствувам како продукција, дизајнот на звукот е скоро завршен, затоа треба уште Били да ми ги испрати вокалите, како и идеи што сааат да се додаде во песната.“