Мотивирачка приказна од ТикТок: Не можел да си ги плати сметките, а сега има нова куќа

Мотивирачка приказна од ТикТок: Не можел да си ги плати сметките, а сега има нова куќа

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Нејтан Аподака на ТикТок е попознат по својот прекар @420doggface208, поради виралното видео се спаси од долговите и стана светска сензација. А, на истите возеше само скејт и пиеше сок на песна од „Fleetwood Maca“.

„Тоа утро одев на работа во магацин во фабрика за компири. Стариот автомобил ми се расипа повторно, но не сакав да доцнам, зедов скејтборд и со него тргнав на работа. Добив идеја да се снимам додека се возам низ Лос Анџелес, пијам сок од брусница и потсвирнувам на хитот 'Dreams's'“ - вели 37 - годишната сензација на ТикТок, Нејтан Аподака.

@420doggface208

Morning vibe ##420souljahz ##ec ##feelinggood ##h2o ##cloud9 ##happyhippie ##worldpeace ##king ##peaceup ##merch ##tacos ##waterislife ##high ##morning ##710 ##cloud9

Dreams (2004 Remaster) - Fleetwood Mac

Денес неговото вирално ТикТок видео на скејт има скоро 80 милиони прегледи, повеќе од 12 милиони лајкови и поради него него конечно ќе си ја отплати куќата и ќе се всели во свој дом.

„После тоа видео што го снимив пред неколку месеци, сè започна да се подобрува. Сега сум финансиски постабилен од порано. Конечно можам да ја платам сметката за мобилниот телефон на време, и со сите донации и соработки што ги добив, јас конечно ќе ја отплатам куќата и ќе се преселам во вистински дом.“ - објасни Нејтан и рече дека не му е јасно зошто ова негово видео стана толку популарно. Но, постои едно потенцијално објаснување.

„Мислам дека моето видео прави вистинска „вибрација“. Зајдисонце, лесна музика, возење, сок, сè некако се совпадна и луѓето сакаа да видат вакво нешто во овие тешки времиња. Го видов тоа видео во мојата глава уште пред да го снимам и знаев дека ќе биде добро, но не толку многу“ - вели тој. Инаку, ова видео прво беше објавено во 2019 година, но потоа беше избришано поради „кршење на авторски права“.

Денес, Нејтан го следат скоро 7 милиони луѓе на ТикТок, тој започна свој бренд на капа, чорапи и дуксер, што му оди одлично, заработува повеќе од просечната плата за една објава и е најсреќен што е повеќе нема долгови. „Ги радувам луѓето со моите танци и видеа, и тие се премногу возбудливи за да ги снимам. Затоа сум финансиски посамостоен, сега сè е многу подобро“ - вели Нејтан.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: