Можеби е подобро да „оладиш” – пет знаци дека некој не сака да се дружи со тебе!

Можеби е подобро да „оладиш” – пет знаци дека некој не сака да се дружи со тебе!

Објавена во: Совети // Другарство

Некогаш навистина е тешко да се разбере дали некому му се допаѓаме или не особено кога станува збор за пријателство. Сепак постојат неколку знаци кои покажуваат дали некој би сакал/а да бидете другари или не.

Ова се знаците кои веднаш ќе ти го откријат тоа:

1. Личност што кон тебе е пристојна, но држи некоја дистанца 

Ако некој е пристоен со тебе, не значи дека сака да ти биде другар. Најбрзо ќе разбереш која е вистината, ако држи одредена дистанца, никогаш премногу не ти се приближува, а одговара само на твоите поставени прашања тогаш треба да се запрашаш дали таа личност сака да се дружи со тебе или не.

2. Не се грижи за работи што ви се заеднички

Сакате возење велосипеди, серии или читње книги? Ако ова го знае и твојот потенцијален пријател, а воопшто не се возбудува заради тоа очигледно не е заинтересиран за дружба со тебе. На оној на кој му се допаѓаш ќе биде среќен ако открие дека имате нешто заедничко, без разлика колку долго се познавате.

3. Ретко или воопшто не одговара на пораките

Побекогаш заради обврски некој не стигнал да ти одговори на пораките, но ако тоа се повторува очигледно дека на оваа личност многу не и` се допаѓаш. Ти тука ништо не можеш да сториш освен да се спротиставиш и отворено да прашаш за што се работи. Можеби е во прашање и нешто што можете да го решите.

4. Ретко се дружите насамо

Ако се дружите само во група со останати личности, јасно е дека вашиот однос не е најдобар. Твојот потенцијален другар не сака да остане со тебе насамо, што дефинитивно не е добар знак и најверојатно не му се допаѓаш.

5. Никогаш не те слуша кога зборуваш за себе

Секојпат кога зборуваш за работи кои ти се случиле неодамна тој/а ја врти главата и не обрнува внимание за тоа што зборуваш. Не е тешко да се заклучи дека постои некоја причина што не сака да те слуша, тоа треба да те замисли дали до тебе седи личноста која би ти била најдобар пријател.



Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: