Можно ли е: Кајли Џенер ги избркала децата од зоолошката градина за нејзината ќерка да ужива
Кајли Џенер и Тревис Скот ја однесоа својата ќерка Сторми во зоолошката градина. Сепак, тие го направија тоа за сметка на бројни други семејства со деца кои едноставно беа избркани од таму. Имено, раководството на зоолошката градина донело таква одлука, па дури и еден ден подоцна, не мислат дека погрешиле со одлуката.
Според Њузвик , дел од градината била целосно затворена за посетителите, што само предизвикало бес кај јавноста.
„Иако не сакаме кога треба да затвориме дел од зоолошката градина, понекогаш тоа го бараат безбедносните мерки“, наведува портпаролот на оваа институција.
„ВИП искуствата се разликуваат од случај до случај.“
Посетителите кои биле на самото место воопшто не се согласуваат со тоа, наведувајќи дека се работи за чист изживување. Според Кристал Стембергер, која била во зоолошката градина со својата тригодишна ќерка Каденс, Кајли и нејзиниот тим побарале другите посетители да бидат исфрлени од рингишпилот.
„Секогаш ја носам ќерка ми кај таа вртелешка бидејќи таа најмногу ја сака“, вели Кристал. „Купивме билет, а таа застана во ред и чекаше да дојде нејзиниот ред. Но, потоа дојдоа Кајли и Тревис и не' избркаа сите “.
Писателката Софи Рос за Кајли рече дека е патетична. „Има толку многу познати личности кои се најсреќни кога се вклопуваат во толпата, така што никој не ги ни забележува. Затоа она што го направија Кајли и Тревис принудувајќи ги „обичните“ деца да си заминат, е толку патетично“.
Автор: Famoza.net