Му се парализира лицето: Што се случува со Џастин Бибер? Дали ова е серизно?

Му се парализира лицето: Што се случува со Џастин Бибер? Дали ова е серизно?

Објавена во: Мода // Moj стил

По објавата пред неколку месеци дека Хејли Бибер, сопругата на поп твездата Џастин Бибер имала проблем со мозокот, а потоа и мала интервенција на срето, сега здравствени проблеми се појавија кај пејачот.

Тој на Инстаграм напиша: „Лицето ми е парализирано. Сега не можам да пеам“.


Кој тип на ова заболување го има Џастин Бибер, се уште не е познато но синдромот Рамзи Хант е невролошка болест која најчесто произлегува од сериозните последици од инфекцијата со вирусот Херпес Зостер. Овој вирус ги парализира нервите на лицето и формира пликови на надворешното и внатрешното уво, во близина на носот и устата.

Меѓу најчестите симптоми на синдромот Рамзи Хант се парализа на мускулите на лицето на страната погодена од минлива или трајна инфекција; осип и плускавци околу увото;
вртоглавица која трае со денови или недели; губење на слухот, кое може да биде трајно или делумно или целосно да се излечи; промени во чувството на вкус; болка во увото.

Третманот на синдромот Рамзи-Хант варира во зависност од типот на дијагнозата, зашто постојат три типа на вирусот. Третманот од првиот тип, на пример, е симптоматски по природа и се земаат лекови за напади и епилепсија. Што се однесува до вториот тип, сепак, третманот на кожните лезии е обично едноставен и не одзема многу време, додека парализата на фацијалниот нерв ќе бара специфични третмани со лекови, вежби и масажи. Конечно, терапијата индицирана за третиот тип на Рамзи-Хант синдром е од фармаколошка и физиотерапевтска природа, но не гарантира целосно обновување на подвижноста на раката.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: