Му сервирале минијатурен бургер: Поради реакцијата стана хит на интернет (ВИДЕО)

Му сервирале минијатурен бургер: Поради реакцијата стана хит на интернет (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Веднаш покажа незадоволство од големината на својата порција...

Сите знаеме дека кучињата се хранат добро - барем повеќе од нив. Тешко дека некое од нив ќе одбие храна. Затоа некои сопственици сакаат повремено да ги почастат. 

Некои тоа го прават така што на својот миленик му даваат некое слатко задоволство, некои им даваат од храната што тие ја јадат во моментот, додека некои сакаат да им купат нешто од рестораните за брза храна.

Секако, за ова последното се шегуваме, бидејќи секој сопственик на кучиња знае дека тие не смеат да јадат многу од тоа што го конзумираат луѓето, а никој не би сакал да му недостасува нешто на миленикот.

Меѓутоа, тоа не значи дека повремено не можеме да се пошегуваме со нив. Особено на темата храна.

Еден сопственик одлучи да му приреди вечера за паметење на своето куче. Имено, тој еден ланец за брза храна порачал бургер за себе и својот миленик.

Кога кучето ја видел кутијата воодушевено чекал да му биде послужена вечерата. Меѓутоа, она што го дочекало, во најмала рака, било големо разочарување. 

Откако сопственикот ја отворил својата кутија во која имало стандарден бургер, ја отворил и кутијата што стоела пред неговиот миленик. Меѓутоа, наместо идентичен, стандарден бургер, во таа кутија имало минијатурен бургер, што на кучето не му се допаднало.

Всушност, неговата реакција е толку урнебесна што видеото веднаш стана вирално.


фото: Принтскрин

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: