Мудар потег на војвотката: Сите зборуваат за она што го направи Кејт по погребот и велат дека не било случајно
Потегот на војвотката до Кембриџ на погребот на принцот Филип во Виндзор, се уште е голема тема, бидејќи како што оценија многумина, со тоа направила голем чекор кон средувањето на односите на принцот Вилијам и принцот Хари.
Принцовите Хари и Вилијам во саботата се појавија во јавноста, за првпат на ист настан по Мегзит, кој ги загрози нивните односи. Дека браќата не се толку блиски како порано, потврди и помладиот принц пред месец и половина во интервјуто кое го даде на Опра Винфри. Сепак, Хари тогаш истакна дека би сакал да се смири со Вилијам, кого многу го сака.
Викендов сите пишуваа дека нивните односи се средиле. Како доказ за тоа, се наведува фактот дека принцовите од погребот на дедото заминале заедно. Во нивно друштво била војвотката од Кембриџ, која во еден момент застанала за да ги остави браќата сами.
Фотографијата на Вилијам, Хари и Кејт предизвика голем интерес во јавноста, а претходеше следниов редослед на настани: додека ја напуштија капелата Свети Џорџ во Виндзор, Вилијам разговараше со свештеникот Дејвид Корнер, додека Хари беше зад нив и разговараше со Кејт, постариот принц најпрво беше пред неговата сопруга и брат, а потоа се сврте кон нив да разговара со Кејт, Хари брзо ги стигна, одеа некое време, а потоа Кејт застана и започна да разговара со грофицата од Васекс и нејзината ќерка Лејди Луиз, пишува Глорија.хр.
За потсетување, Вилијам и Хари го следеа ковчегот со телото на нивниот дедо, а синот на принцезата Ана, Питер Филипс, одеше меѓу нив.
Можеби некој ќе припише друго значење на овој редослед на настани, но повеќето веруваат или претпочитаат да мислат дека Кејт била таа што иницирала помирување на браќата, поточно зближување на внуците на принцот Филип.