Мултиталентирани ѕвезди: 10 познати личности за кои не сте знаеле дека убаво пеат

Мултиталентирани ѕвезди: 10 познати личности за кои не сте знаеле дека убаво пеат

Објавена во: Музика, Филм

Изгледа дека некои навистина имаат сѐ - убавина, популарност, пари, а со тоа и убав глас...

Во шоубизнисот често е важно да се биде мултиталентиран, а пеењето, танцувањето и глумата се најбараната комбинација. Во продолжение е листа од 10 актери за кои сигурно не сте знаеле дека пеат неверојатно.

# Џенифер Лоренс

Симпатичната актерка во повеќе интервјуа има споменато дека не сака да пее пред луѓе, бидејќи смета дека нема талент за пеење, но продуцентите на филмот „The Hunger Games“ ја имаа наговорено да ја сними песната која е вметната во филмот. Мораме да признаеме дека не ни е јасно зошто актерката не го сака својот глас,  бидејќи звучи прекрасно.


# Роберт Патинсон

Нашиот омилен вампир не е само презгоден и преталентиран актер, туку знае и да пее и да свири гитара и клавир, а две негови песни се појавија дури во филмовите „Twilight“.


# Кит Харингтон 

Кит своите гласовни вештини ги покажа во видеото каде и пее на својата сопруга и колешка Роус Лесли, а станува збор за пародија на песната „Wild Thing“.


# Дилан Минет

Овој млад актер е најпознат по својата улога во хит серијата „13 Reasons“, но малку луѓе знаат дека тој исто така е талентиран музичар - свири гитара и пее во бендот „Wallows“.


# Рајан Гослинг

Сите обожаватели на овој згоден актер беа изненадени кога го слушнаа неговото прекрасно пеење во филмот „La La Land“, а мораме да напоменеме и дека Рајан бил толку предаден на тој филм што научил да свири клавир само за таа улога.


# Ема Вотсон

Познатата британска актерка немаше многу можности да ги покаже своите пејачки вештини во серијалот филмови за Хари Потер, но затоа во филмот на Дизни, „Убавицата и ѕверот“ покажа дека има навистина убав глас.


# Гвинет Палтроу

Оваа русокоса актерка ги изненади сите кога се појави во неколку епизоди од популарната тин серија „Glee“ во која испеа неколку песни, вклучувајќи го и популарниот хит „Forget you“.


# Ема Стоун

Омилената црвенокоса актерка своите вокални таленти ги покажа пеејќи со Рајан во филмот „La La Land“. Наша омилена изведба е сцената каде што пее на аудицијата, бидејќи нејзиниот глас најдобро доаѓа до израз.


# Сара Џесика Паркер

Иако никогаш не го пушти својот глас во познатата серија „Сексот и градот“, на Јутјуб може да се најде видео од младата Сара како пее.


# Кејт Хадсон

Оваа актерка имавме можност да ја гледаме во многу романтични комедии, но по мјузиклот „Nine“ и овој неверојатен настап, дознавме дека убавата актерка има исто толку убав глас.


Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: