MUST HAVE: Какви зимски јакни се носат оваа сезона
Зимската јакна е суштински дел од сечија гардероба. Едноставно не можете без неа. Единственото прашање е која ќе го изберете. Најважно е да ви е доволно топла. Сепак, нема да лажеме, на сите можеби ни е поважно како изгледа отколку колку топли...
А какви јакни се носат оваа година? Што е во мода? Што се однесува до зимските јакни, има некои класици со кои не можете да погрешите и кои ќе се носат од година во година и секогаш ќе изгледаат добро и тренди.
1. Волнени јакни
Волнените јакни кои се и меки и топли се идеални парчиња за зимата. Годинава се носат и како пократки јакни и како подолги капути.
2. Јакни со постава од крзно
Без разлика дали е кожа или не, двете верзии се носат. Популарните јакни со крзно сè уште не планираат да излезат од мода. Ги има веќе некое време, а ние продолжуваме да ги носиме оваа зима.
3. Бомбер јакни
Бомбер јакните може да бидат многу топли. Постојат модели кои ќе ве стоплат, но и такви кои се за потопло време. За зима ги избираме овие потоплите!
4. Долги капути
Кога станува збор за капутите, се носат долгите. Колку подолго толку подобро.
5. Сиви капути и јакни
Една боја која ќе владее е сивата. Јакните во оваа боја можеби не се најинтересни, но одлично ќе одат со сите аутфити.
Извор: teen385.dnevnik.hr