MUST HAVE: Свеченото чантиче од Parfois на Лина Пејовска!
Младата пејачка Лина Пејовска важи за една од најскоцканите ѕвезди. Овој пат стилизирана од глава до петици во елегатна комбинација, ги остави сите без зборови.
Едноставноста овој пат беше нејзин заштитен знак, а освен свечено чантиче, на себе немаше ништо од аксесоар.
Чантичето кое Лина го искористи за оваа пригода е одличен избор за многу свечености и прослави, но и за ноќните забави, а може да го носите како плико, но и со синџирче.
Истото го има во повеќе бои во продавниците на Parfois.