Музички времеплов: 6 милиони прегледи за соработката со познатите рапери - на младите, Ферус им е познат по оваа песна

Музички времеплов: 6 милиони прегледи за соработката со познатите рапери - на младите, Ферус им е познат по оваа песна

Објавена во: Stars // Музика

Освен со пејачите на народна музика, кралот на саксафонот има соработки и многу пејачи на нова и модерна музика...

Како бомба одекна веста за влошената здравствена состојба на кралот на саксафонот Ферус Мустафов. Неговото семејство соопшти дека се бори за живот и дека моментално е во хоспитализиран.

Додека сите очекуваат нови информации, ние решивме да ве потсетиме на една негова соработка со едни од најпознатите македонски рапер. Имено, во 2014 година, беше објавена песната „Дими Џам“, која ја изведуваат Марко Маринковиќ Слаткар и Драган Величковски Тајзи. Токму оваа песна ја збогатија со звукот на саксафонот на Ферус, кој маестрално, како и секогаш го заврши својот дел од работата.

Оваа песна на Јутјуб има повеќе од 6 милиони прегледи, а воедно е и доказ дека кралот на саксафонот нема проблем да настапува и музичките ѕвезди кои изведуваат помодерна музика.

Во продолжение ве потсетуваме на „Дими Џам“:


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: