Музички времеплов: Евровизиската победничка Руслана во Скопје, во чест на Тоше Проески

Музички времеплов: Евровизиската победничка Руслана во Скопје, во чест на Тоше Проески

Објавена во: Stars // Музика

Уште 40-ина дена останаа до Евровизија, а евровизиските обожаватели будно ги следат случувањата, песните и изведувачите кои ќе настапуваат.

Обложовалниците веќе предвидуваат победи и ранг листи, а ние се потсетуваме на една од песните која победи на Евровизија во 2004 година и направи вистински бум на сцената.

Украинката Руслана со „Wild dance“ беше еден од најголемите фаворити и ја освои сцената со енергија, изведба и танц.

Тоа беше и годината кога Тоше Проески не' претставуваше на Евровизија со песната „Ангел си ти (Life)“.

Тогаш тие станаа добри пријатели, а по смртта на Тоше, Руслана ја изведе песната на Тоше „Life“ во живо во Скопје, на концерт кој се оддржа по повод една година од последниот концерт на Тоше.

 

 

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: