Музички времеплов: И двајцата нѐ напуштија, но нивниот заеднички настап од „Златна бубамара“ никогаш нема да биде заборавен
Сите се сеќаваат на заедничката изведна на Тоше и Аки од „Златна бубамара на популарноста“...
Секоја година има по еден настап од „Златната бубамара на популарноста“, кој привлекува огромно внимание. Тој настап оваа година го имаа Игор Џамбазов и Адријана Јаневска со изведбата на песната „Ми заплакало селото Вашата“, испреплетана со рециталот на „Цветови“.
Но, и порано имало вакви настапи, а ние решивме да ве потсетиме на еден кој и ден денес сите многу добро го паметат. Иако и двајцата главни актери повеќе ги нема меѓу нас, тие оставија белег кој уште многу години нема да се заборави.
Имено, изведбата на „Јесен у мени“, која ја имаа Тоше Проески и Аки Рахимовски на најпознатата манифестација во Македонија никој не остави рамнодушен и сите и ден денес се сеќаваат на овој настап и со кнедла во грлото се потсетуваат на него.
Иако видеото кое го има на Јутјуб не е во добра резулуција, сепак е одличен потсетник на времињата во кои твореа овие двајца извонредни музичари:
фото: Принтскрин / Јутјуб