Музички времеплов: Јелена Карлеуша со акапела верзија на „Македонско девојче“

Музички времеплов: Јелена Карлеуша со акапела верзија на „Македонско девојче“

Објавена во: Stars // Музика

Познатата српска пејачка често е мета на критики поради своите вокални способности...

Јелена Карлеуша е една од најпознатите српски пејачки, која е позната и ширум светот. За нејзиниот сценски изглед не може да се коментира многу, бидејќи таа е една од пејачките која навистина ги следи сите нови трендови и која изгледа како познатите светски ѕвезди. Но, затоа често е мета на критики поради своите способности.

Заради тоа, Јелена секогаш кога има можност, пее во живо и се труди на сите да им покаже и докаже дека сепак е и вокално добра пејачка. Така, во една прилика, поточно за време на едно гостување во Македонија, во емисијата на Тијана Дапчевиќ, српската дива, како што и самата се нарекува, ја отпеа една од најпознатите македонски народни песни. Станува збор за песната „Македонско девојче“, која Карлеуша ја изведе и повеќе од одлично.

Како звучи оваа мекедонска народна песна во акапела верзија, слушнете во продолжение:


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: