Музички времеплов: Како изгледала Сека Алексиќ на својот прв јавен настап?

Музички времеплов: Како изгледала Сека Алексиќ на својот прв јавен настап?

Објавена во: Stars // Музика

Една од најпопуларните српски пејачки, Сека Алексиќ својата кариера ја започна пред 20 години со настапот на фестивалот „Моравски бисери“ на „Вечерта на нови ѕвезди“. Тогаш, како анонимна пејачка, ја изведе песната „Идеално твоја“, со која успеа да ја освои наградата од публиката и да се издвои од другите пејачи.

Сека, освен со гласовните способности, вниманието на публиката го привлече и со својот изглед, енергија и уникатен стајлинг.

Доколку ја погледнете пејачката од тој период и денес, јасно е дека не се променила многу, иако се поминати две децении од нејзиниот прв настап.

Настапот на овој фестивал ѝ овозможи на пејачката истата година да го сними и првиот албум и да го издаде за продукцијата „Гранд“. Насловот на првиот албум е по нејзината прва песна „Идеално твоја“.

Од првиот албум на Сека се издвоија хитовите „Да сам мушко“ и „Во кафани пуној дима“, што беа добра подлога за да продолжи да работи на естрадата.

фото: Принтскрин / Инстаграм


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: