Музички времеплов: Лејди Гага пред 15 години - скромна девојка која со истиот жар настапува на сцената

Музички времеплов: Лејди Гага пред 15 години - скромна девојка која со истиот жар настапува на сцената

Објавена во: Stars // Музика

Драмите околу неа никогаш не стивнуваат.

Без разлика дали станува за нејзини настапи, изглед, нејзин приватен живот или луѓето околу неа, Лејди Гага е секогаш центар на внимание, така било, и така останува.

Денес всушност сите ја знаеме како Лејди Гага, вистинска музичка дива која воодушевува. Но нејзиното вистинско име е Стефани Германота.

Стефани, речиси воопшто не личи на денешната Гага која сите ја знаеме, но нејзиниот талент ја издава.

Пред повеќе од 15 години, таа настапувала токму под името Стефани, и ја нема платинестата коса, нема екстремна шминка и трансформација на сцена, но се гледа дека со истиот жар настапува на сцена.

Погледнете некои од првите настапи на Лејди Гага, кога настапувала како Стефани:

 

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: