Музички времеплов: На 1 март е секогаш најслушана песна - хитот на Каролина Гочева кој веќе 11 години не престанува да се слуша

Музички времеплов: На 1 март е секогаш најслушана песна - хитот на Каролина Гочева кој веќе 11 години не престанува да се слуша

Објавена во: Stars // Музика

Многумина овој ден го нарекуваат - Денот на Каролина Гочева...

Денес ѝ велиме добредојде на баба Марта, поточно на првиот ден од месецот март и ве поздравуваме со неизбежниот хит за топол поздрав на овој месец.

„Први март“ на Каролина Гочева е една од нејзините најпопуларни песни, а особено секој први март. На овој ден, може да се случи да помислите дека оваа песна излегува и од фрижидер, едноставно ја пуштаат секаде - на радио, на работа, во кола, дома...


Инаку, оваа песна Каролина ја објави во 2012 година и се најде на нејзиниот студиски албум насловен како „Најубави песни“. Иако од тогаш до денес се поминати скоро 11 година, оваа песна се слуша подеднакво како и првиот ден.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: