Музички времеплов: Некои и два пати застанаа на големата сцена - Кои пејачи ја претставуваа Македонија на Евровизија?

Музички времеплов: Некои и два пати застанаа на големата сцена - Кои пејачи ја претставуваа Македонија на Евровизија?

Објавена во: Stars // Музика

Оваа година немаме свој претставник на најпрестижното музичко натпреварување во Европа, па затоа решивме да се потсетиме на оние кои не претставуваа низ годините...

Прв на евровизиската сцена во 1998 година застана Владо Јаневски со „Не Зори, Зоро“, во 2000 беа ХХЛ со песната „100% те љубам“, за во 2002 година Каролина Гочева на Европа да ѝ ја претстави „Од нас зависи“. Довербата во 2004 година му ја дадовме на Тоше Проески и песната „Life“, 2005 година беше година на Мартин Вучиќ и „Make my day“, а во 2006 година со Елена Ристеска се пееше „Нинанајна“. Во 2007 годинаКаролина Гочева уште еднаш ги бранеше боите на Македонија со „Мојот свет“, во 2008, тоа го направија Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа со песната „Let me love you“, 2009 година беше година на братското дуо Некст тајм и песната „Нешто што ќе остане“. Во 2010 година Ѓоко Танески ја отпеа „Јас ја имам силата“, „Русинка“ на Влатко Илиевски ечеше во 2011 година, а пред настапот „Црно и бело“ на Калиопи во 2012 се поклони цела Европа. Лозано иЕсма ја отпеаја „Пред да се раздени“ во 2013 година, следната година беше Тијана Дапчевиќ со „To the sky“, во 2015 година Даниел Кајмакоски со „Autumn Leaves“ да не претставува на Евровизија, за во 2016 Калиопи уште еднаш да замине на Евровизија со „Дона“. 2017 беше година на Јана Бурческа и „Dance alone“, 2018 година наши претставници беа Eye Cue со „Lost & Found“. Во 2019 година го доживеавме најголемиот евровизиски успех како држава и тоа со Тамара Тодевска и нејзината „Proud“, а во 2020 наш претставник беше Васил Гарванлиев, кој ја отпеа песната „You“, но за жал само ревијално, бидејќи таа година поради короната Евровизија не се одржуваше. Следната година со „Here I Stand“, Васил повторно ги бранеше боите на нашата земја, а како последен претставник за Македонија се запиша Андреа, девојката која во 2022 година ја отпеа „Circles“.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: