Музички времеплов: Ретро понеделник - се потсетуваме на најпознатата песна на Лила Филиповска од кратката музичка кариера
Денес е наша најпозната водителка, но дали се сеќавате дека Лила Филиповска имаше и кратка музичка кариера?!
На почетокот на 2000-те, Лила сними неколку песни, а имаше и видео записи и настапи.
„Ти верував до крај“ е нејзина песна која беше доста популарна, а Лила одлично се снаоѓаше на сцена.
Но, песната по која остана најзапаметена и на која генерациите од тоа време уште се сеќаваат е дуетската „Само љубовта“, која ја изведе со колегата Александар Блажевски.
Во продолжение ве потсетуваме на нивниот дует:
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб