Музички времеплов: Се потсетуваме на првиот настап на Марко Менгони на Санремо - и тогаш заблеска со балада
Италија го одбра својот претставник за овогодинешното издание на најпознатиот музички фестивал во Европа - Евровизија, кој оваа година ќе се одржи во Ливерпул.
„Due vite“, баладата која ја отпеа познатиот италијански пејач Марко Менгони ги свои Италијанците, па така 24-годишниот пејач веќе ќе може да ги пакува куферите и да се подготвува за еден од најголемите настапи во неговиот живот.
Инаку, ова е второ учество на фестивалот на Санремо за 34 годишниот Марко, кој е поранешен студент на Академијата за забавна музика, победник на шоуто „Х-фактор“ и првиот Италијанец кој ја освои европската MTV награда.
Затоа, сега решивме да ве потсетиме на неговото прво појавува на Санремо. Во 2013 година, Марко на Санремо се престави со песната „L'essenziale“, а како изгледаше и звучеше во тоа време, погледнете сами.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб